Достапни линкови

Рускиот шеф на дипломатијата Лавров на балканска турнеја


Министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров

Министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров

Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров од денеска ја започнува својата балканска турнеја , во чии рамки ќе ги посети Србија, Црна Гора, Македонија и Словенија. Прва дестинациај му е Белград , каде со српските власти ќе разговара за трговско-економските односи, за билатерлната соработка, а збор ќе стане и за Косово, соопштуваат извори од руското министерство за надворешни работи. Потоа Лавров ќе отпатува во Црна Гора. Во Македонија Лавров ќе се сретне со неговиот македонски колега Антонио Милошоски, со претседателот Иванов и со премиерот Никола Груевски.
XS
SM
MD
LG