Достапни линкови

Гадафи ќе обезбеди пристап во Мисрата за припадниците на ОН


Маж бега од нападите во Мисрата

Маж бега од нападите во Мисрата

Шефот за хуманитарна помош при ОН, Валери Амос соопшти дека либискиот водач Моамер Гадафи ветил дека ќе обезбеди пристап во градот под опсада Мистрата за припадниците на ОН. Но Амос изјави дека од режимот не добиле гаранции дека борбите во пристанишниот град ќе сопрат за да им се овозможи на странските хуманитарни работници да ги проценат хуманитарните потреби и да достават помош. Од организацијата Хјуман рајтс воч соопштија дека најмалку 267 луѓе биле убиени во Мисрата во изминатите седум недели од почетокот на борбите меѓу бунтовниците и силите на Гадафи.
Меѓународниот комитет на Црвениот крст соопшти дека им помогнале на 618 мигранти да го напуштат либискиот град Мисрата ,во кој и понатаму се водат борби. Од Црвениот крст соопштија дека во среда ќе испратат брод во Мистата со медицинска опрема, средства за хигиена, прехранбени продукти и 8 илјади литри вода за пиење. Од Комитетот предупредуваат дека уште најмалку 4 илјади луѓе чекаат да бидат спасени.
XS
SM
MD
LG