Достапни линкови

Француска помош за Бугарија и Романија околу Шенген зоната


Францускиот министер за внатрешни работи Клод Гуент изјави дека неговата земја ќе им помогне на Бугарија и Романија во подготовкиае да се приклучат кон безвизната Шенген зона. По состаноците со официјалните претставници во Софија, Гуент изјави дека се потребни промени во законодавството на Бугарија и во борбата против криминалот и корупцијата, кои ќе имаат влијание врз одлуката. По средбите во Букурешт, францускиот министер повика да се засили соработката со Романија, за да му се стави крај на порастот на криминалот од страна на Романците во Франција.
XS
SM
MD
LG