Достапни линкови

logo-print

Гудлак Џонатан реизбран за претседател на Нигерија


Претседателот на Нигерија Гудлак Џонатан

Претседателот на Нигерија Гудлак Џонатан

Претседателот на Нигерија Гудлак Џонатан освои уште еден претседателски мандат, покажуваат резултатите на независната национална изборна комисија . Според конечните бројки, Џонатан освоил 22,5 милиони гласови, или околу 57 отсто од гласовите. На второто место се наоѓа Мухамади Бухари со освоени 31 процент од гласовите. Џонатан побара да се стави крај на пост-изборното насилство. Црвениот крст соопшти дека се убиени многу луѓе во судирите со полицијата во северните области на земјата населени претежно со муслимани.
XS
SM
MD
LG