Достапни линкови

СРД укина две одредби од предизборниот правилник за медиумите


Советот за радиодифузија ги укина членовите 13 и 15 со кои се предвидуваше телевизите до стартот на кампањата да не можат да емитуваат изјави на владини претставници и други носители на јавни функции во вестите, како и гостување на политичари и партиски претставници во дебатни емисиии, јавија македонските медиуми. Kонечниот текст на Правилникот , во кој се вклучени и забелешките на уредниците на националните медиуми, ќе биде објавен во среда, потврди за телевизијата „Алсат – М“ претседателот на Советот Зоран Стефаноски.
„Две работи најмногу им пречеа, прво беше тонскиот запис од активностите на претставниците на владата и единиците на локалната самоуправа, а втората забелешка беше дали да се користат посебно информативните програми за еден вид на соочување помеѓу политичките субјекти во Р. Македонија и дали тоа ќе се третира како почеток на изборна кампања. Мислам дека имаме решение, мислам дека ќе понудиме решение и дека веќе во текот на утрешниот ден и ДИК ќе мора да ја прифати нашата конечна верзија бидејќи е аргументирана и издржана, пред сè“, рече Стефановски.
XS
SM
MD
LG