Достапни линкови

Усвоени уставните измени во Унгарија без гласови од опозицијата


Зградата на парламентот во Унгарија

Зградата на парламентот во Унгарија

Унгарскиот парламент денеска ги усвои измените во уставот на земјата, за кој гласаа само од десничарската коалиција, која има мнозинство пратеници. Новиот устав се изгласа со 262 гласа за, 44 против и еден воздржан. Социјалистите и либералите го бојкотираа гласањето, аргументирајки дека нема консензус за измените кои, според нив, ја зацементирале владеачката партија на лидерската позиција. Премиерот Витор Орбан, пак, вели дека со овие измени се завршува процесот на демократизација кој почнал во 1989 година по падот на комунистичкиот режим. Изменетиот устав ќе стапи на сила на 1 јануари 2012 година.
XS
SM
MD
LG