Достапни линкови

Расте бројот на заболени од мали сипаници


Во изминатите два дена добиени се пријави за 11 новозаболени од мали сипаници, со што во државата, од почетокот на епидемијата до денеска, се регистрирани 739 лица заболени или пак сомнителни случаи на морбили, од кои најголем број, односно 459 се од Скопје. Како што се дополнува во соопштението на Министерството за здравство, новопријавени случаи на заболени има во Охрид и во Делчево, со што вкупно се зафатени 18 градови во Македонија. Според податоците од центрите за јавно здравје и од здравствените институции, во текот на викендот повеќе од 883 лица во државата биле вакцинирани.
XS
SM
MD
LG