Достапни линкови

Вајгл: Хрватските власти да ја смират јавноста


Иво Вајгл

Иво Вајгл

Хрватските власти треба да ја смират јавноста, бидејќи со пресудата која Хашкиот суд им ја изрече на генералите Анте Готовина и Младен Маркач, не е осуден хрватскиот народ, ниту постојат криминални народи, изјави словенечкиот пратеник во Европскиот парламент Иво Вајгл, цитиран од Танјуг. Како што пренесуваат хрватските медиуми, словенечкиот пратеник оцени дека војната на Балканот беше стимулирала од режимот на Слободан Милошевиќ. Медиумите ја цитираат и изјавата на Флоранс Артман, која беше портпарол на поранешниот главен обвинител на Трибуналот Карла дел Понте, дадена за словенечката телевизија Поп-ТВ. „Високите казни на судот во Хаг за хрватските генерали Анте Готовина и Младен Маркач и оценката за „криминално однесување“ не се земени само врз основа на записниците од Бриони, туку и заради законските решенија во 1995 година, со кои на избеганите Срби им беше забрането да се враќаат, иако овие закони подоцна беа повлечени“ рече Артман.
XS
SM
MD
LG