Достапни линкови

logo-print

Тешката економска состојба, најголем проблем со кој се соочуваат околу 30 илјади жители на општина Липково.

Локалната власт работи да ја подобри инфраструктурата, но општина во која нема ниту една стопанска инвестиција не може да се справи со невработеноста и сиромаштијата која безмалку го притиска секое семејство, велат и жителите и локалната власт.

Каква е економската состојба?
Овие граѓани се главно невработени. Еден дел се занимаваше и сеуште се занимава со земјоделие. Но сепак, одбегнуваат бидејки не им се исплати, и не садат пипер, тутун...
„Овие граѓани се главно невработени. Еден дел се занимаваше и се уште се занимава со земјоделие. Но сепак, одбегнуваат бидејќи не им се исплати, и не садат пипер, тутун... Голем број од семејствата живеат од средствата од странство. Можеби секоја трета куќа има најмалку по еден член во странство и голем дел од нив тие праќаат средства во општината до кои ги издржуваат сцвоите семејства“, вели Неџади Османи секретар во Општината Липково.

„Во администрацијата и на други места, во министерства, во локалната самоуправа има вработени, но тој број е мал.“

Османи вели дека има малку оптимизам.

„Сега се надеваме дека ќе има некоја инвестиција да се вработуваат луѓето. Нема инвестиции колку што бараме, се надеваме на подобри денови, но моментално е сиромаштија.“

Зошто не се обработува земјиштето?

„Тоа не се исплати. Порано имаше склучувано договори, а местото е соодветно за одгледување тутун, но сега тоа нема, нема каде да се однесе, цената е многу ниска. Економската политика на државата го прави тоа.“

Османи додава дека неодамна општината го усвоила буџетот.

„Усвоивме буџет на општината со пет милиони денари и ќе работиме. Имаме и проекти. Сега ќе започнеме со изградба на водоводна и канализациона мрежа. Ги имаме обезбедено околу еден милион ипол евра за филтерстаницата, за гимназијата „Исмет Јашари“, ќе изградиме уште три-четири училници, канализација во селото Оризаре, се подготвува изградба на патот Куманово-Слупчане-Белановце, Агенција за државни патишта го подготвува проектот за изградба на патот Куманово-Матејче-Арачиново и
Луѓето секаде се без работа, без пари, секаде. Чекаме социјална помош и се расправаме тука. Живеам од земјоделие без работа, горе-долу-никаде. Работа немаме. Пари нема и тоа е најголем проблем.
така продолжуваме со работа со надеж дека ќе ги завршиме работите.“

Жителите запрашани:

Како се живее во Општината Липково?
„Луѓето секаде се без работа, без пари, секаде. Чекаме социјална помош и се расправаме тука. Живеам од земјоделие, без работа, горе-долу-никаде. Работа немаме. Пари нема и тоа е најголем проблем.“

Кој е виновен за тоа?

Жители на Липково во селската продавница

„Влада. Секоја влада. Во Липково е сиромаштија, за тоа знае целиот свет бидејќи младите бегаат од тука и бараат азил заради невработеноста. Не гледаат перспектива, немаат доверба веќе во секоја влада што доаѓа. Се трудат нешто да работат, најмногу земјоделие, а тоа се продава евтино. На пример, лани прозиведената пченица, лебот е веќе 27 денари. Проблем е сиромаштијата, инфраструктура нема, вода нема, канализација нема.“

Како работи локалната самоуправа?
„Се труди да работи, но нема со што да работи. Нема индустрија, нема ништо, а нашата локална власт се труди да им помогне на младите да
Проблем е сиромаштијата, инфраструктура нема, вода нема, канализација немa.
останат тука, ама и таа нема од што. Тоа е проблемот.“

Поради тешката состојба во земјоделието, обработливото земјиште недоволно го обработуваат Албанците, а веќе една деценија необработени се нивите и лозјата и на внатрешно раселените Срби и Македонци.
Кога веќе економската состојба е тешка, како и во Куманово од каде секој што можел заминал на печалба во кризните подрачја во Ирак или во Авганистан, со жителите од Липково тоа не е случај.

„Нема информации дека некој отишол во Авганистан. Можеби има но ние не знаеме“, вели Османи.
  • 16x9 Image

    Светлана Антиќ Јовчевска

    По завршувањето на Студиите по новинарство во Скопје во 1985 година започнува да работи како економски новинар во Куманово, а потоа како дописник на „Вечер“,соработник на „Нова Македонија“,„Утрински весник“,на МРТВ, МИА, Радио Дојче Веле и неколку неделници. Од основањето на Радио Слободна Европа известува за настаните од својот град.

XS
SM
MD
LG