Достапни линкови

ОН бараат прекин на насилството во Либија


Генералниот секретар на Обединетите нации Бан Ки Мун побара прекин на огнот во Либија, додека силите лојални на лидерот Муамар Гадафи продолжуваат со гранатирање на градот Мисрата, трето најголемо населено место во северноафриканската земја кое е под контрола на бунтовниците. Првиот човек на Обединетите нации од Будиммпешта им порача на Либијските власти да престанат со убиствата и го повтори барањето за политичко решение на кризата.
XS
SM
MD
LG