Достапни линкови

Тројца убиени во протести во Авганистан


Последните поголеми протести во Авганистан избија поради палењето на Куранот во Соединетите американски држави

Последните поголеми протести во Авганистан избија поради палењето на Куранот во Соединетите американски држави

Најмалку тројца демонстранти загинале а неколкумина се повредени при протестите во провинцијата Парван во северниот дел на Авганистан, потврдија властите. Протестите настанале како реакција на апсењето на на тројца религиозни лидери кои се осомничени за терористички напади. Претставници на мисијата ИСАФ, мисија на НАТО чии мировници го извршиja апсењето, потврдија дека двајца осомничени биле пуштени на слобода во неделата, додека третиот бил задржан. Претставник на локалната власт во Парван обвини „опортунисти и непријатели“ за убиствaтa на тројцата демонстранти. Тој додаде дека тројца странски војници биле повредени во немирите.
XS
SM
MD
LG