Достапни линкови

Седуммина убиени во Сирија, тврдат хуманитарци


Хуманитарен работник тврди дека сиријските безбедносни сили убиле најмалку седуммина анти-владини демонстранти во градот Хомс. Новинската агенција „Ројтерс“ ја пренесува изјавата на неименуван активист за човекови права кој тврди дека вооружените сили ладнокрвно ги застрелале демонстрантите. Немирите во земјата се зачестија по серија протести во арапскиот свет, поради кои се повлекоа лидерите на Египет и Тунис.
XS
SM
MD
LG