Достапни линкови

Медиумски ограничувања


Советот за радиодифузија ќе ги разгледува забелешките по бурната реакција на медиумите за правилникот за нивно однесување во предизборието. Новинарите сметаат дека со правилникот се ограничува правото за професионално информирање.

Советот за радиодифузија утре или задутре треба да одржи седница на која ќе се разговара за забелешките за Преглог-правилникот за однесување на радиодифузерите пред почетокот на изборната кампања и правилникот за време на изборната кампања. На седницата, Советот треба да ги донесе
Ставот 2 од членот 13 треба да отпадне бидејќи новинарите смеат да користат тонски парчиња кога известуваат за редовните активности на јавните функционери и втората забелешка е околу изборот на гостите во дебатните емисии.
правилниците по кои ќе се однесуваат медиумите. Во Советот велат дека првиот правилник е оној кој предизвика многу бура и затоа сега ги прибират сите забелешки на медиумите и на граѓанските организации.

„Имаше забелешки во однос на начинот на известување во дневно-информативната програма, можноста да се разговара за изборите, но не во функција на свое претставување, туку генерално за изборите во посебните информативни програми. Тука беше и можноста да се избегне забраната за т.н. „тонски запис“ од активностите на владата итн, итн, вели претседателот на Советот за радиодифузија Зоран Стефаноски.

Во Здружението на новинари велат дека за нив се неприфатливи членовите 13 и 15 од Правилникот.

Нацрт-правилникот предвидува и пауза за политичките реклами пред почетокот на кампањата

„Ставот 2 од членот 13 треба да отпадне бидејќи новинарите треба да смеат да користат тонски парчиња кога известуваат за редовните активности на јавните функционери и втората забелешка е околу изборот на гостите во дебатните емисии. Ние сметаме дека новинарите не треба да се ограничат, кои гости би ги поканиле на тие дебатни емисии“, вели претседателот на ЗНМ, Насер Селмани.

Уредникот на А1 телевизија Младен Чадиковски, пак, вели дека корпусот на закони кои се носат за медиумите е уште еден обид на власта да се намалат кретивните можности на новинарите за правилно, професионално и добро информирање.

„Со овој начин на кој што се спроведува законот и начинот на кој што извршната власт го осмислила законот за информирање во предизборниот период најмногу штета имаат граѓаните бидејќи немаат доволно време да се
Со овој начин на кој што се спроведува законот и начинот на кој што извршната власт го осмислила законот за информирање во предизборниот период најмногу штета имаат граѓаните.
запознаат со кандидатите, немаат доволно време да се започнаат со нивните програми, а знаеме дека почетокот од изборната кампања е премногу кратка.“

Уредникот на дебатната емисија „НИЕ“ на Сител телевизија, Драган Антоновски вели дека правилниците кои ги носи Советот за радиодифузија се апсолутно непотребни.

„Прво заради тоа што големата штета со почеток на предвремени кампањи, со нерегулирана целата таа медиумска и техничка сфера на медиумите, нефункционалноста итн, апсолутно е направена штета, така што кампањите се веќе почнати.“

Друга работа е што во земјава тешко може да се разграничи кој е политичар а кој не и трета работа е што цензурата е забранета со Устав, вели Антоновски.
  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG