Достапни линкови

Ваши коментари


Поделени коментари од нашите слушатели на најновото прашање во рубриката Хајд парк.

Во време пред избори што мислите, почитувани, кое е најпопуларното прашање? Па, се разбира, нашето новопоставено во Хајд Паркот: Што очекувате од политичарите, кое ветување да ви го исполнат и колку досега ги исполнувале ветувањата дадени во предизборјата?

Според бројот на коментарите - се чини на народецов веќе му е преку глава од избори и од политика. Сепак, Сашо порачува да се оставеле луѓево да си ја доработат работата бидејќи било повеќе од јасно дека имало помрднување од мртва
Шо да очекувам. Ништо. Ќе гласам, оти морам. Ако не, син ми ќе го избркаат од
работа.
точка. Васко, меѓутоа, го кажува она за што деновиве многу се зборува - дека власта, односно владејачката партија ќе делела откази на оние што нема да гласаат за неа, па пишува: ,,Шо да очекувам. Ништо. Ќе гласам, оти морам. Ако не, син ми ќе го избркаат од работа“. И завршува типично нашки, македонски: „Тоа ти е“. Сотир, сочувствено, му порачува на Васко дека такви како него ги има многу.

А слушател потпишан со Артур Кинг од Камелот има реплика на овие двајца слушатели: „Со сета почит кон двајцата, ама се' додека има такви како вас од оваа држава ништо нема да биде и постојано ќе си тапкаме в место, ни подобро нема да видиме. Одете на избори и ценете ја општата, а не индивидуалната состојба“, ја завршува Артур Кинг својата порака.


Нашиот текст со наслов: „Избори и се' е можно“, предизвикал многу коментари од вас, почитувани, кои по малку мирисаат на партиски определени. Имено, во најголема мера се такви кои проценуваат дека Радио Слободна Европа се позиционирала како билтен на СДСМ, како што, на пример, смета Перо од Крива Паланка, и дека со интернационалниот наслов сме иницирале отровни мислења насочени како ракета за наведување кон одредена цел, како што пишува слушателот 3Г од Третото небо. На овие мислења им одговара Експертот од Скопје: „Прв знак дека една власт забегува во диктатура е кога не трпи и веднаш етикетира лица со спротивни мислења. И Бранко Црвенковски живееше во сличен филм како Груевски и мислеше дека на изборите шлепер ќе ја згази жабата, ама излезе обратно. „Народот може да се лаже со усул, инаку, точно е - не пие нафта“, го завршува Експертот својот коментар во стилот на текстот за поевтинувањето на горивата како предизборен маркетинг.

А еден Политички неопределен, како што се потпишал, прашува: Секој што ќе се осмели да ја критикува Владата мора ли да биде од СДСМ или од друга опозициска партија? „П.С. Ти друже, мене ми личиш на мегафон на ВМРО-ДПМНЕ“, му порачува Неопределениот на Гого од Прилеп, кој смета дека власта не треба да се напаѓа и дека работела во интерес на народот.

Што очекувате од политичарите? Кое ветување да ви го исполнат? Колку до сега ги исполнувале ветувањата, дадени во предизборието? Погледнете ја анкетата и коментирајте овде.

Хајд Парк - Ветувања пред избори
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:33 0:00
Директен линк
  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG