Достапни линкови

logo-print

НАТО бомбардира, Гадафи напредува


Бунтовници во градот Аџдабија

Бунтовници во градот Аџдабија

Силите лојални на либискиот лидер Моамер Гадафи продолжуваат со притисокот врз бунтовниците на истокот на земјата. Силите на Гадафи ги бомбардираат позициите на бунтовниците во градот Аџдабија, што е на патот кон клучното нафтено простаниште Брега. И покрај воздушните напади од НАТО, бунтовниците не успеваат да ги задржат освоените позиции во крајбрежните градови во источна Либија.

Во западна Либија, единствениот град под контрола на бунтовниците, Мисрата, е мета на жестоки напади на силите на Гадафи.
Бунтовниците соопштуваат дека во нападите загинале најмалку шест луѓе, а околу 50 се повредени.

Британскиот премиер Дејвид Камерон ја отфрли можноста западните копнени сили да влезат во Либија да им помогнат на бунтовниците.
XS
SM
MD
LG