Достапни линкови

Италијанско-француска кавга за африканските доселеници


Туниски доселеници на островот Лампедуза во Средоземното Море

Туниски доселеници на островот Лампедуза во Средоземното Море

Франција повторно ги отвори границите за железнички сообраќај, откако претходно ги затвори за италијанските возови што носат африкански емигранти.

Италија ја налути Франција со издавањето дозволи за привремен престој на илјадници мигранти од Тунис. Дозволите им овозможуваат слободно да патуваат во многу европски земји.

Италијанското Министерство за надворешни работи го критикуваше затворањето на границите и оцени дека францускиот потег е „нелегитимен и чисто прекршување на генералните европски принципи“. Италија се жали дека била оставена сама да се справува со илјадниците, главно туниски мигранти, кои изминативе недели приистигнаа на јужниот италијански остров Лампедуза.

Во меѓувреме, Романија соопшти дека ќе прифати 200 тунсики мигранти, откако Италија побара помош по огромниот прилив на доселеници од Северна Африка.
XS
SM
MD
LG