Достапни линкови

Разреши-назначи со иранскиот министер за разузнавање


Иранскиот министер за разузнавање Хејдер Мослехи

Иранскиот министер за разузнавање Хејдер Мослехи

Иранскиот министер за разузнавање си поднесе оставка, објави иранската државна новинска агенција ИРНА, без да наведе детали. Агенцијата објави дека претседателот Махмуд Ахмадинеџад ја прифатил оставката на министерот Хејдер Мослехи и го назначил за негов советник за безбедносни прашања. Агенцијата ФАРС, пак, повикувајќи се на неименувани извори објави дека Мослехи бил разрешен. Малку подоцна, новинските агенции ИСНА, ФАРС и Мехр објавија дека Мослехи е вратен на функцијата министер за разузнавање, по одлука на врховниот верски лидер, ајатолахот Али Хамнеи.
XS
SM
MD
LG