Достапни линкови

logo-print

Протести во Сирија


Демонстрации во градот Дера’а

Демонстрации во градот Дера’а

Илјадници Сиријци излегоа на протести и покрај реформите што ги вети претседателот Башар Ал Асад. Очевидци велат дека владините сили убиле тројца луѓе кога почнале да пукаат кон погребна поворка што се претворила во протест во градот Талбиеш.

Демонстрантите свечено го одбележаа денот кога француските војници ја напуштија земјата и Сирија прогласи независност пред 65 години.

Во меѓувреме, сириската државна новинска агенција САНА објави дека на границата со Ирак било запленото „поголемо количество оружје“, вклучувајќи автоматски пушки, пиштоли, експлозив и очила за ноќно гледање.

Ал Асад во саботата вети дека ќе го укине законот за вонредни состојби што е на сила повеќе од 50 години.
XS
SM
MD
LG