Достапни линкови

Романија е подготвена да прифати 200 туниски имигранти


Трајан Баисеску во посета на Радио Слободна Европа

Трајан Баисеску во посета на Радио Слободна Европа

Романскиот претседател Трајан Басеску денеска изјави дека неговата земја е подготвена да прифати 200 туниски имигранти како одговор на повикот за солидарност упатен од Италија кон земјите од Европската унија. „По разговорите со претставници на Владата и на институциите беше донесена одлука да го информираме италијанскиот премиер Силвио Берлускони за подготвеноста на Романија да прифати 200 имигранти“ рече Басеску. Берлускони пред неколку дена изрази загриженост поради недостигот на солидарност од другите држави од ЕУ за прашањето на имигрантите, откако во Италија за две недели пристигнаа 20.000 туниски имигранти.
XS
SM
MD
LG