Достапни линкови

logo-print

Шестмина жртви во бомбардирањата на Мисрата, тврдат либијските бунтовници


бунтовник држи ракета за која тврди дека ја истрелале лојалистите на Гадафи

бунтовник држи ракета за која тврди дека ја истрелале лојалистите на Гадафи

Шестмина загинаа денеска во нападите на силите лојални на лидерот Муамар Гадафи во градот Мисрата, тврдат бунтовниците. Утрово 47 лица биле ранети во бомбардирањата, јави телевизијата „Ал Џезира“, повикувајки се на изјава на претставник на анти-владините демонстранти во северноафриканската земја. Лојалистите на Гадафи веќе четири дена го бомбардираат населеното место кое е еден од центрите на опозициското движење во Либија. Мисрата е трет најголем град во државата а судејки по медиумските извештаи, стотици луѓе загинале во немирите во овој дел на земјата.
XS
SM
MD
LG