Достапни линкови

Израел најави зачленување во ЦЕРН


Израелските власти денеска соопштија дека го одобриле зачленувањето на земјата во Европската организација за нуклеарни истражувања, попозната како ЦЕРН, со што Израел ќе биде првата земја – членка надовр од Европа. Премиерот Бенјамин Нетанјаху изјави дека членството на неговата земја во организацијата ги демонстрира „способностите на израелските научници и континуираната препознатливост на нивните вештини“. Израел претходно беше само набљудувач во европската организација.
XS
SM
MD
LG