Достапни линкови

Протести на ветераните од Чернобил во Киев


Чернобил денес

Чернобил денес

Околу 2.000 ветерани кои учествуваа во операцијата за расчистување на штетата од нуклеарната катастрофа во Чернобил протестираа денеска во Киев поради кратењето на нивните пензии и укинувањето на одредени социјални бенефиции. Неколку дена пред 25 годишнината од една од најголемите нуклеарни катастрофи во човековата историја, демонстрамнтите го изразуваат својот гнев кон власта поради кратењето на пензиите и поскапувањето на здравствените услуги. Во 1991 година тогашните советски власти им понудија пакет бенефиции на работниците кои учествуваа во санирањето на штетите од Чернобил. Сепак, во последно време бенефециите се ускратуваат а се` потешко се докажува поврзаноста на влошената здравствена состојба со ангажманот во расчистувањето на хаваријата. Власта на чело со претседателот Виктор Јанукович е приморана да ги скрати буџетските расходи поради негативните ефекти од светската еконоска криза кои се уште се чувствуваат во Украина.
XS
SM
MD
LG