Достапни линкови

Полицијата спречи протест на азербејџанската опозиција


Полицијата во главниот град на Азербејџан интервенираше против приврзаници на опозицијата кои сакале да одржат протест. Азербејџанскиот сервис на Радио Слободна Европа јави дека стотици активисати почнале да се собираат близу плоштадот во Баку, но полицајци во цивилки привеле многумина од нив. Безбедносните сили го блокираат влезот до централниот плоштад во градот, зборно место на приврзаниците на опозицијата кои за денеска планираа демонстрации против актуелната власт на чело со претседателот Илхам Алијев.
XS
SM
MD
LG