Достапни линкови

Реакција на ЗНМ на Правилникот на Советот за радиодифузија


Здружението на новинарите на Македонија во денешното соопштение реагира на Правилникот за однесувањето на радиодифузерите во период пред започнување на изборната кампања предложен од Советот за радиодифузија, со кој, како што велат, „се прави обид да се влијае на начинот на кој новинарите ги подготвуваат нивните прилози и кои соговорници можат да учествуваат во дебатни емисии за изборите“. За ЗНМ се неприфатливи членовите 13 и 15 на Правилникот, кои треба да претрпат суштински измени. „Затоа бараме од Советот за радидифузија да отпадне ставот два од членот 13, кој на новинарите им забранува да користат тонски парчиња кога известуваат за редовните активности на јавните функционери. Сметаме дека ставот еден од истиот член јасно пропишува дека известувањето за активностите на јавните функционери пред започнување на изборната кампања не смее да биде во функција на изборно медиумско претставување и тоа според нас е доволно“ се наведува во соопштението. Според ЗНМ, со ставот 2 на членот 13 Советот недозволиво навлегува во начинот на работењето на новинарите и на начинот како тие ги изготвуваат прилозите, што за ЗНМ е апсолутно неприфатливо.
XS
SM
MD
LG