Достапни линкови

Парламентот ќе побара извештај за работата на Косовската разузнавачка служба


Косовскиот парламент

Косовскиот парламент

Претседателот на парламентарната комисија за контрола на работата на Косовската разузнавачка агенција (КРА) Флорин Красниќи побара извештај за активностите на тајната Косовска разузнавачка служба (ШИК) од нејзиното основање до денеска, пренесе Танјуг, повикувајќи се на текст на приштинскиот весник „Коха диторе“. Косовскиот весник наведува дека Красниќи е одлучен „да отиде до крај во однос на откривањето на вистината“ за десетгодишната активност на ШИК и дополнува дека тој планира да ја почне „оваа мисија“ од раководителите на службата. „Ќе побараме детални информации не само од директорот, туку и од главниот инспектор на службата. Тие имаат различна одговорност, па затоа на секој од нив ќе им испратиме пооделно неколку писмени прашања и ќе ги очекуваме нивните одговори“, изјави Красниќи, кој е пратеник од редовите на движењето „Самоопределување“.
XS
SM
MD
LG