Достапни линкови

Нови судири во Либија, силите на Гадафи ја гранатираат Ајадабија


Силите лојални на либијскиот лидер Муамар Гадафи го гранатираат градот Ајадабија, населено место под контрола на бунтовниците. Болнички извори потврдија дека осуммина загинале во гранатниот напад во саботата а 27 лица биле повредени. Бунтовниците велат дека лојалистите на Гадафи влегле во градот. Според нивните сведочења, шест милитанти загинале а шенаесетмина се повредени во нападите. Медиумите јавуваат дека силите на лидерот исто така стрелаат ракети кон градот Мисрата.
XS
SM
MD
LG