Достапни линкови

Еден убиен и еден ранет во престрелка во тетовско


Во вооружената престрелка, која настанала во околината на тетовското село Јегуновце едно лице чиј идентитет не е утврден е убиено, а еден полцицаец бил полесно ранет. Потрагата по разбојничката група се уште трае. За сега се знае дека синоќа околу 18 часот, повеќечлена група воорежни влегле во златарскиот дуќан „Исак" во Тетово и се обиделе да го ограбат соптвеникот, при што го раниле во нозете. Потоа, групата со две возила се упатила во правец на селото Јегуновце. При обид да запрат едно од возилата, кон полицајците било пукано при што еден полциски службеник бил ранет во рака и нога. Групата се пробила, но во близина на пругата во Јегуновце, наишле на полициската потера. Тука повторно дошло до пукање при што загинал еден од разбојниците, јавија медиумите.
XS
SM
MD
LG