Достапни линкови

Завршува саемот на книгата во Скопје


Во Скопје денеска завршува 23. Меѓународен саем на книгата, на кој шеесетина издавачи од Македонија и неколку од соседните земји ја претставија својата продукција. Манифестацијата беше организирана во соработка со Здружението на издавачи и книжари на Македонија (ЗИКМ) и Здружението на албански издавачи. Покровител на саемот беше Министерството за култура кое првпат учествуваше со свој штанд, на кој ги презентира своите книжевни проекти, фокусирајќи се на јубилејните 50 години Струшки вечери на поезијата. Саемот на книгата годинава се одржа под мотото „Подари книга, подари богатство”
XS
SM
MD
LG