Достапни линкови

Санирање на штетите во нуклеарката во Фукушима за шест до девет месеци


Шефот на компанијата за производство на електрична енергија во Токио изјави дека фирмата составила план за санирање на оштетената нуклеарна централа во Фукушима во рок од шест до девет месеци. Цунејиса Катсумата појасни дека системот за ладење на нуклеарните јадра би требало да се возобнови за три месеци, со што би се намалило радиоактивното зрачење од објектот. Во рок од шест месеци компанијата планира комплетно да го сопре радиоактивното зрачење. Силниот земјотрес на 11 март предизвика цунами бранови кои ја оштетија централата. Жителите кои живееа во близина на нуклеарката беа евакуирани по неколкуте експлозии во реакторите.
XS
SM
MD
LG