Достапни линкови

Клинтон во посета на Јапонија


Американскиот државен секретар Хилари Клинтон пристигна во Јапонија, во знак на подршка на сојузникот на Соединетите американски држави за справување со последиците од природната катастрофа. Клинтон би требало да ја потврди подршката на администрацијата на претседателот Обама како и повторно да понуди помош за возобновување на подрачјата кои беа погодени од земјотресот и цунами брановите. Во природната катастрофа настрадаа 28,000 лица, а цунамито ја оштети нуклеарката во Фукушима.
XS
SM
MD
LG