Достапни линкови

Медведев во посета на Хонг Конг


Димитриј Медведев на средба со новинари во Санја

Димитриј Медведев на средба со новинари во Санја

Рускиот претседател Димитриј Медведев денеска треба да пристигне во Хонг Конг на официјална посета на Кина. Претседателот ќе ја посети берзата, со цел да се увери во можностите кои им се нудат на руските инвеститори. Рускиот гигант за производство на алуминиум „Русал“ веќе успешно котира на Кинескиот пазар на хартии од вредност од 2010 година а други руски компании преговараат за инвестирање. Претходно, Медведев беше во градот Баоа, како почесен гостин на Азискиот економски форум.
XS
SM
MD
LG