Достапни линкови

Џенгиз Ибрахим, виртуоз на канон


Џенгиз Ибрахим

Џенгиз Ибрахим

Џенгиз Ибрахим е виртуоз на канон и саз, композитор и педагог. Уметник кој со своето музицирање на сцена воодушевува во балетот „Врати“.

Музичар, теоретичар, педагог, автор, уредник и водител на бројни музички емисии...но над се мајстор на скоро сите источни жичени инструменти. Ете, во овие неколку збора би се состоел описот за Џенгиз Ибрахим, за кого оние кои подобро го познаваат и кои имале можност да музицираат со него ќе ви дополнат дека е виртуоз на рајскиот инструмент – канон и на саз и дека тој е народски филозоф и музикотерапев во прогрес. А, самиот, пак, Џенгис знае скромно да каже дека е истражувач и
Погледот кон балерините, мислите дека ќе се искршат, тоа е друг свет, со нив дишете, со нив размислувате... некогаш се молам да трае подолго за да не се вратам во реалноста.
дека:

„Прво, музичарите од Истанбул ќе ви речат не си Турчин, техниката ти е друга, нормално во Македонија живеам, со џезери работам и класична музика.“

Роден 1961 година во Скопје, тој по завршувањето на Факултетот за музичка уметност бил педагог, а едно време ги водел и сите оркестри во КУД Јени Јол. Потем работел како уредник во Турската редакција на МРТВ и бил член на Оркестарот на народни инструменти, соработувал со групите МИЗАР, АНАСТАСИЈА, Влатко Стефановски, МУЗИЧАРИ БЕЗ ГРАНИЦИ од Холандија, ЉУБОЈНА и има компонирано за над 15 театарски претстави од кои поважни се Харем Султан, Луна Парк, Женички, Црн молив, Баханалии...

Џенгиз Ибрахим

Џенгиз Ибрахим е автор и изведувач на музиката за балетот „Врати“ за кого кореографијата ја потпиша Олга Панго, а либретото е на режисерката Наташа Поплавска, со која соработува подолго време. Овој проект по премиерното претставување е и дел од програмата на првото актуелно издание на балетскиот фестивал на МОБ, а уметникот за ова свое ново искуство знае да забележи.

„Погледот кон балерините, мислите дека ќе се искршат, тоа е друг свет, со нив дишете, со нив размислувате... некогаш се молам да трае подолго за да не се вратам во реалноста.“

Ибрахим зад себе како инструменталист има бројни настапи во земјава и во странство. Посебно за одбележување се неговите самостојни концерти во Музеј на Град Скопје, Куршумли ан и на БИТФЕСТ, а во неговото портфолио има и две албумски објави. Наскоро треба да се случи промоцијата и на третиот албум за која како гости ги планира кларинетистот Петар Христов, актерката Перихан Туна и членовите на групата ЉУБОЈНА, а кога говори за современата македонска музика со многу жар потсетува на вистинските вредности.
  • 16x9 Image

    Љупчо Јолевски

    Како новинар, водител и уредник Јолевски во новинарството е безмалку 4 децении. Кариерата ја почнал во Млад Борец на почетокот од 1980-тите. Потем долги години бил во Телевизија Скопје и во Македонското радио - Втора програма, како и во други медиуми. Во Радио Слободна Европа Јолевски е од самиот почеток на емитувањето на програмата на македонски јазик.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG