Достапни линкови

logo-print

Тирана е најзагадена европска метропола


Министерот за здравство на Албанија Петрит Васили како загрижувачка ја оцени големата загаденост на животната средина и на воздухот во Тирана, јави МИА. Според него, идентична е состојбата, како во центарот, така и во периферијата на албанската метропола, што директно се одразува врз здравјето на нејзините жители и за зголемениот број тешки заболувања. „Во Тирана загадувањето е последица на неконтролираните градежни активности, потоа од возилата, бактериското загадување од проблемите со отпадот.... Имајќи ги во предвид овие загадувања, јасно е какви огромни штети му се причинуваат на здравјето на граѓанинот“ изјави Васили на средбата со експерти од областа на јавното здравство. Тирана со години го носи епитетот на најзагадена европска метропола.
XS
SM
MD
LG