Достапни линкови

Лукашенко демантираше владина инволвираност во бомбардирањето во Минск


Локашенко на местото на бомбардирањето

Локашенко на местото на бомбардирањето

Белорускиот претседател Александар Лукашенко денеска демантираше владина инволвираност во бомбардирањето во метро станицата во Минск, инцидент во кој загинаа 13 лица а повеќе од 200 беа повредени. „Само идиоти би ја обвиниле владата за нападот“, изјави Лукашенко во телевизиско обраќање. Неговите забелешки следат по шпекулациите на блогерите по експлозијата во понеделникот, која одекна на метро станицата во близина на претседателската резиденција. Инцидентот видно ги збуни експертите за тероризам кои се уште не ги одредиле мотивите на напаѓачите. Белоруските власи уапсија петмина по бомбардирањето.
XS
SM
MD
LG