Достапни линкови

Најави за штајк со глад на протестите во Србија


Лидерот на Српската напредна партија Томислав Николиќ најави дека ќе почне штрајк со глад се до распишување на предвремените парламентарни избори. Николиќ ја даде изјавата пред илјадници демонстранти кои денеска протестираат во знак на незадоволство од економската криза и наводната корумпираност на власта. Николиќ изјави дека претседателот на Србија Борис Тадиќ ги одбил сите нивни понуди и им возвратил со напад дека СНП го урива правниот поредок. Од тие причини тој почнува штрајк со глад , како своја „последна понуда“ до властите и како негов личен чин на жртва.
XS
SM
MD
LG