Достапни линкови

Протести во Хрватска поради хашките пресуди


жители на Хрватска го гледаат преносот на судењето во Хашкиот трибунал

жители на Хрватска го гледаат преносот на судењето во Хашкиот трибунал

Во повеќе градови во Хрватска денеска се одржуваат протести како реакција на вчерашната пресуда на Хашкиот трибунал со која Анте Готовина е осуден на 24, а Младен Маркач на 18 години затвор, додека Иван Чермак е ослободен. Протестите во организација на повеќе ветерански и други здруженија се одржуваат во Загреб, Сплит, Риека и Осиек. Повеќе ветерански здруженија одлучија да не протестираат, а на откажување од демонстрации пред пресудата повикаа и Готовина и Маркач. Аналитичарите проценуваат дека организацијата на протестите е обид за промоција на новоформираните десничарски партии и собирање политички поени од страна на нивните лидери.
XS
SM
MD
LG