Достапни линкови

Премиерот Груевски се сретна со Симпкинс


Премиерот Никола Груевски

Премиерот Никола Груевски

Македонскиот премиер Никола Груевски денеска оствари средба со членот на Парламентот на Австралија и член на Парламентарната група за соработка и пријателство со Македонија Лук Симпкинс. Како што соопшти владината прес служба, Груевски му се заблагодарил на Симпкинс за неговиот ангажман во Парламентот на Австралија и на австралиската политичка сцена како силен поддржувач на позициите на Македонија, како и на македонската емигрантска заедница во таа земја.
XS
SM
MD
LG