Достапни линкови

Расмусен очекува НАТО да испрати уште авиони во мисијата за Либија


Генералниот секретар на НАТО Андерс Фог Расмусен и шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров

Генералниот секретар на НАТО Андерс Фог Расмусен и шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров

Генералниот секретар на НАТО Андерс Фог Расмусен изјави дека се уште не добил конкретни понуди за дополнителен број авиони за мисијата во Либија, но оти е убеден дека тоа наскоро и ќе се случи. Расмусен ова го изјави по дводневниот состанок на шефовите на дипломатиите на земјите членки на НАТО што се одржа во Брисел. Претходно либијските бунтовници побараа поинтензивни воздушни напади на Алијансата врз позициите на силите лојални на Моамер Гадафи. Вчера министрите соопштија дека ќе ја продолжат мисијата во Либија се додека Гадафи не си замине од власт.
XS
SM
MD
LG