Достапни линкови

Денешните пресуди во Хаг за Јосиповиќ шокантни, за Тадиќ правични


Загреб, 15.04.2011

Загреб, 15.04.2011

Во реакцијата на денешната пресуда на Хашкиот трибунал со која хрватските генерали Анте Готовина и Младен Маркач се осудени на 24 и на 18 години затвор за злосторства врз српското население во текот на операцијата Луња во 1995 година претседателот на Хрватска Иво Јосиповиќ изјави дека е шокиран од судската теза за постоење заеднички злосторнички потфат во кој биле вклучени и највисокиот политички и воен врв на земјата. Српскиот претседател Борис Тадиќ оцени дека одлуката на Трибуналот е во согласност со правото и оти ќе придонесе за помирување меѓу граѓаните во Југоисточна Европа. Генералот Иван Чермак беше ослободен од обвинувањето.
XS
SM
MD
LG