Достапни линкови

МВР формира штаб за обезбедување фер и демократски избори


Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска

Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска

МВР формира штаб кој ќе биде одговорен за подготовка и реализација на сите активности поврзани со обезбедувањето на фер и демократски избори, информира министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, додавајќи оти штабот е составен од повеќе раководители кои имаат задача да ја координираат и контролираат целокупната работа во предизборниот период и на денот на изборите. Во писмената изјава Јанкулоска изразувајќи надеж дека полицијата ќе остане без работа, потенцира дека нивна обврска е да ги преземеме сите неопходни мерки за да можеме соодветно да одговорат на сите предизвици. Јанкулоска побарала полициските службеници да заборават на политичката припадност или симпатии кон одредени партии и да постапуваат исклучиво според Уставот и законите.
XS
SM
MD
LG