Достапни линкови

logo-print

Хаг ги прогласи за виновни хрватските генерали Готовина и Маркач


Хашкиот трибунал денеска ги прогласи поранешните хрватски генерали Анте Готовина и Младен Маркач за виновени за извршени злосторства против човештвото. Готовина е казнет на 24 години затвор, додека Маркач на 18 години затвор. Обвинетиот Иван Чермак, Хашкиот трибунал го ослободи од обвинувањето за злосторства врз српското население во текот на операцијата Луња во 1995 година. Над две илјади граѓани на главниот плоштад во Загреб го следеле преносот од изрекувањето на пресудата.
XS
SM
MD
LG