Достапни линкови

logo-print

Продолжува министерскиот состанок на НАТО


Министрите за надворешни работи на НАТО го продолжуваат состанокот во Берлин. Денеска на дневен ред е соработката на Алијансата со Грузија, Украина и Русија.

„Ќе ги идентификуваме приоритетите на нашата идна кооперација“, најави генералниот секретар Андерс Фог Расмусен.

Во текот на денов се очекува во Берлин да допатува и шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров. на кој се обидуваат да ги надминат длабоките меѓусебни разлики за воената акција во Либија. Вчера минситрите разговараа за воената акција на НАТО во Либија при што се согласиле дека Моамер Гадафи мора да си замине од власт.
XS
SM
MD
LG