Достапни линкови

logo-print

ОМД од Нимиц побарала прекин на преговорите за името


Медијаторот Метју Нимиц

Медијаторот Метју Нимиц

Делегација на Обединетата македонска дијаспора на средбата во Њујорк со медијаторот во македонско грчкиот дијалог за името амбасадорот Метју Нимиц побарала преговорите да бидат прекинати веднаш.

„Наметнатите преговори за името де факто им го одзедоа основното право на самоопределување на милиони Македонци низ светот“, истакнале од организацијата на македонската дијаспора со седиште во Вашингтон.

Според ОМД, преговорите за името меѓу Македонија и Грција се користат за да се прикријат кршењата на човековите права на етничките Македонци кои живеат во Грција, а ги дозволува државата.
XS
SM
MD
LG