Достапни линкови

Во Газа пронајдено тело на италијански активист


Газа

Газа

Безбедносните органи во Појасот Газа го пронашле телото на киднапираниот италијански пропалестински активист Виторио Аригони. Тој беше киднапиран од припадници на една џихадистичка група која е поврзана со Ал Каеда. Тие се закануваа со негово убиство доколку не биде ослободен нивниот лидер кој во минатиот месец беше уапсен од исламското движење Хамас кое владее во Газа. Соопштено е дека неговото тело било пронајдено во една напуштена куќа и оти притоа биле уапсени две лица. Италијанското министерставо за надворешни работи го осуди ова, како што оцени, варварско убиство.
XS
SM
MD
LG