Достапни линкови

Конгресот на САД го одобри буџетскиот компромис


Американскиот Конгрес го одобри договорот за буџетот со што се избегна затворање на владата. Во Претставничкиот дом и Сенатот мина компромисот постигнат во минатата недела меѓу претседателот Барак Обама и лидерите на Конгресот. Станува збор за кратење на околу 38 милијарди долари од трошоците предвидени за оваа фискална година. Четвртина од републиканците во Претставничкиот дом и скоро половина од демократите во Сенатот се против договорот. Републикаците сметаат дека кратењата не се доволни, додека демократите дека со нив најмногу ќе бидат погодени американците со помали примања.
XS
SM
MD
LG