Достапни линкови

Претседателот на Собранието Вељаноски денеска ќе ги распише изборите


Претседателот на Собранието Трајко Вељаноски денеска треба да го потпише решението за распишување на предвремените парламентарни избори што треба да се одржат на 5 јуни, по синоќешното распушање на парламентот . Изборниот законик предвидува избори да се одржат во рок од 60 дена по распуштањето на Парламентот. За Oдлуката за распуштање на законодавниот дом, што ја предложи Вељаноски гласаа 79 пратеници, немаше против, ниту воздржани. На седницата покрај парламентраното мнозинство, присуствуваа и пратениците на опозициските ЛДП, ДПА, НД, но не и на СДСМ, НСДП и ЛП..За партиите од владејачкото мнозинство, предвремените избори се единствен начин да се излезе од вештачки предизвиканата криза, да се прекине бојкотот на опозицијата.За опозицијата распуштањето на Собранието и предвремените избори се добра вест за граѓаните со цел, како што истакнаа пратениците од присутните опозицски партии, да се стави крај на лошата политика на власта.
Досегашниот, беше шести парламентарен состав од осамостојувањето на Македонија, а беше избран исто така на предвремени парламентарни избори на 1 јуни 2008 година
XS
SM
MD
LG