Достапни линкови

Зголемените цени им прават поделби и на таксистите и на граѓаните. Едни превозници возат по стара цена, а други по нова.

Едни превозници кои возат по новата цена што е повисока за 40 проценти стравуваат дека на повеќемина од нив тоа ќе има го уништи бизнисот, а други велат дека такси-превозот треба да биде луксуз и да го користат тие што имаат повисок стандард, како во богатите земји. Цената за една релација која досега изнесуваше 50 денари сега чини 90. Такси
Возиме три-четири дена по новата цена и нема работа, слабo.
превозниците кои гледаат дека со овие цени нема да стигнат подалеку од статус на луѓе без работа, алармираат дека доколку градот не преземе мерки за заштита на оваа професија таа може многу брзо да почне да опаѓа:

„Возиме три-четири дена по новата цена и нема работа, слабо.“

„Падната е платежната моќ на луѓето и едноставно губиме и ние.“

„Кај нас се зголеми работата.“


Додека овој таксист борејќи се за егзистенција вози по стара цена некои негови колеги имаат поинакви аргументи. Како и да е сега нема да има нелојална конкуренција во превозот, а тие што немаат пари ќе се возат со автобус ја опишува новата ситуација еден од такси превозниците кои имаат оправдување за поскапувањето:

„Според стандардот на луѓето не е соодветно, но неможе да биде израмнето со цената на автобус во јавен превоз, значи да биде 25 денари. Четворица луѓе се возат плаќаат по 25 денари, значи сегашната цена е реална за такси превоз.“

Но, дали јавниот градскиот превоз во кој што од неодамна се вклучени неколку нови автобуси што ги набави владата е решение, како што посочува овој такси превозник. Засега едни граѓани и натаму одбиваат да се приспособат на градскиот превоз, а други притиснати меѓу скапотијата и нискиот стандард ќе мора да ја прифатат улогата што им ја наметнува државата.
Повеќе такси користев, ама сега се надевам дека со топлото време ќе одам повеќе пешки. Нема такси
веќе.

„Јас знам, девојка ми живее во Лисиче и 7-цата некогаш не доаѓа. Ако веќе плаќам сакам да имам и добра услуга.“

„Платив 80 денари.“

„Е сега 100 денари секој пат, не само кај такси возачите. Кој сака поевтино ќе се качи во автобус.“

„Не знам не користев многу, повеќе такси користев, ама сега се надевам дека со топлото време ќе одам повеќе пешки. Нема такси веќе.“

Во владата не кажаа дали нејзината одлука да ги намали давачките за нафатата за 4 денари по литар ќе донесе корекции во цената на такси превозот иако уверуваа дека проблемот со рекордниот скок на цената на нафтата ќе биде пресретнат и нема да има ситуација која влева несигурност и страв кај македонските граѓани.
  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG