Достапни линкови

logo-print

ЕУ: Дијалогот меѓу Белград и Приштина ќе продолжи утре


Белград и Приштина ќе го продолжат дијалогот утре во Брисел, јави Танјуг. „Состанокот ќе се одржи утре попладне. На дневен ред ќе бидат повеќе теми од три области за кои досега беше разговарано“ изјави за Танјуг, Маја Кочијанчич, портпарол на високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност. Разговорите на тимовите на Белград и Приштина се одржуваат под закрила на Унијата. До сега се одржани две рунди од разговорите на кои се расправаше за катастарот, телекомуникации, претседавање со ЦЕФТА и изгледот на царинските печати, електричната енергија и матичните книги.
XS
SM
MD
LG