Достапни линкови

Баросо: Ситуацијата на Западен Балкан е премногу сложена


Жозе Мануел Баросо при посетата на Македонија

Жозе Мануел Баросо при посетата на Македонија

Претседателот на Европската комисија Жозе Мануел Баросо денеска во Брисел изјави дека ситуацијата на Западен Балкан е „премногу сложена“, а завршувањето на преговорите на Хрватска за членство во ЕУ ќе претставува поттик за останатите земји во регионот. Баросо, на денеска завршената средба меѓу пратениците на ЕУ и на Западен Балкан, истакна дека „Црна Гора и Србија се во положба да влезат во следната фаза од преговорите, доколку силата на реформите се одржи до октомври во двете земји“. Тој предупреди дека постојат „многу големи предизвици, од потребата да се оствари напредок во дијалогот меѓу Белград и Приштина, до тоа да се надмине политичкиот застој во БиХ и Албанија, како и решавање на прашањето со уставното име на ПЈР Македонија“. „Освен тоа владеењето на законот и слободата на истражувањето се и понатаму големи предизвици ширум регионот. Демократските институции, успешното дејствување на судството и почитувањето на основните и малцински права ги поставуваат темелите на другите политички развои, посебно на економскиот“ рече претседателот на ЕК, додавајќи дека на балканските земји им е потребно да привлечат странски инвестиции и да го поттикнат економскиот пораст.
XS
SM
MD
LG