Достапни линкови

Дневен печат


Весници, печат...
Весници, печат...

Избори, избори, избори... вестите за предвремените избори доминираат во сите медиуми.

Избори, избори, избори... Од сега па до 5 јуни ќе бидеме преплавени со вести за изборите, со нечисти алишта, со силни фрази кои експертите ги оценуваат како говор на омраза, а политичарите си го тераат своето.

„Избирачкиот список растел како квасец“, пишува Нова Македонија, наведувајќи дека за само осум години државава добила 171 илјада нови избирачи, а најзабележителна е последната промена од 43 илјади избирачи што беа вметнати овој месец по прочистувањето на списокот од страна на министерствата.

Утрински го анализира политичкото рекламирање со наслов „Политичките реклами се тешка артилерија“, при што потсетува дека деновиве јавноста е под засилена доза на рекламни спотови на власта, иако новата законска регулатива пропишува дека од распишувањето на избори па се' до денот на нивното завршување државните органи, општините и градот Скопје не смеат да објавуваат реклами финансирани од буџетски пари.
Избирачкиот список растел како квасец.

Утрински го објавува и новото писмо од Груевски до своето членство со наслов „Да заврши ерата на Црвенковски“, иако, како што наведува, ВМРО-ДПМНЕ е на власт во последните 10 години, а Груевски премиер цели пет години, а овој сепак за сите проблеми во Македонија го обвинува Црвенковски.

Вечер се занимава со наводните понуди од Црвенковски до Илија Гечев, Мајк Зафировски и Владимир Глигоров, кои наводно ја одбиле понудата за премиерска функција, и дека само Шеќеринска му соопштила дека може да се носи со извесниот пораз на изборите.

Време ја пренесува изјавата што за А1ТВ ја даде поранешниот член на Социјалистичката партија на Љубисав Иванов-Ѕинго, Зоран Витанов, дека уште пред три години го информирал премиерот за криминалот со хидросистемот „Злетовица“ од страна на социјалистите, но дека Груевски одбил да разговара за тоа, велејќи дека му е потребна телевизијата на
Политичките реклами се тешка артилерија.
Ѕинго - Сител. Истовремено, овие медиуми го пренесуваат и демантот од страна на Груевски.

Многу место во медимските извештаи зафати и последното убиство на средношколец во Скопје ,при што, особено опозициски настроените, најмногу спомнуваат оставка од директорката и од министерот за образование, како морален чин за неуспехот да се обезбеди сигурен престој на учениците во школските клупи и дворови.

Без коментирање, Утрински и Дневник објавуваат дека Владата ги намалила давачките за горивата, што значи дека се откажала од својот дел од приходот при продажбата на бензинот и нафтата.
  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG